logo
logo
logo

Солидарност на дело: 170 пакети храна од ТАВ Македонија за бездомните лица во Скопје

Vecer | 09.10.2026

Солидарност на дело: 170 пакети храна од ТАВ Македонија за бездомните лица во Скопје

Во пресрет на Светскиот ден на бездомништвото, вработените од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми се обединија околу заедничка мисија: да донесат надеж на оние на кои им е најпотребна. Преку хуманитарната иницијатива на ТАВ Македонија „ТАВ Готви“, како и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми, ‘Hope On Board’, вработените, волонтери, подготвија 170 пакети со храна за корисниците на Пунктот за бездомници Момин Поток, управуван од Црвен крст на Македонија – Црвен крст на Град Скопје.

Иницијативата ја одразува посветеноста на аеродромскиот оператор за поддршка на ранливите категории граѓани преку значајни волонтерски активности и поттикнување општествена солидарност.

Активноста ги обедини колегите од ТАВ Аеродроми со заедничка цел: да обезбедат практична поддршка и солидарност за лицата кои се соочуваат со тешки животни околности. Покрај подготовката на пакетите со храна, волонтерите го вложија своето време, грижа и човечност, покажувајќи како заедничкото дејствување може да направи позитивна промена во животите на другите.

-Како аеродромски оператор, нашата улога не е само да поврзуваме дестинации. Подеднакво сме посветени и на придонесот кон благосостојбата на заедниците на кои им служиме. Преку „ТАВ Готви“ и во рамките на корпоративната волонтерска програма на ТАВ Аеродроми ‘Hope On Board’, испраќаме порака дека солидарноста, сочувството и грижата можат да помогнат во подобрување на животите и зајакнување на заедниците. Горди сме што повторно соработуваме со Црвениот крст и ги поддржуваме корисниците на Пунктот за бездомни лица „Момин Поток“. Оваа иницијатива покажува дека кога луѓето се обединуваат околу заедничка цел, дури и малите дела можат да создадат значајни промени, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Волонтерската активност беше организирана во духот на Светскиот ден на бездомништвото, кој секоја година се одбележува на 10 октомври, потврдувајќи ја долгогодишната посветеност на ТАВ Македонија кон поддршка на ранливите општествени групи преку одржливи и влијателни програми за корпоративна општествена одговорност.

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk