logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРАВИ ДЕЛОВИ ЗА „АУДИ“ - 2000 нови работни места!

Vecer | 15.10.2026

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРАВИ ДЕЛОВИ ЗА „АУДИ“ - 2000 нови работни места!

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“.

- Денеска, ќе соопштиме уште една голема и значајна вест за македонската економија - нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот - напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Ова, додава, е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината.

-Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции. Разликата постои и секој ден станува сè повидлива. Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина - нагласува премиерот Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.

Договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“ ќе биде потпишан денеска во Владата.

По потпишувањето, предвидено е Мицкоски и претставници на „Кромберг и Шуберт“ да одржат заедничка прес-конференција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk