logo
logo
logo

Македонците се наивни до болка: МУ ЗЕМАЛЕ 43.000 ЕВРА ДА “КУПИ“ БИТКОИНИ!

Vecer | 27.02.2026

Македонците се наивни до болка: МУ ЗЕМАЛЕ 43.000 ЕВРА ДА “КУПИ“ БИТКОИНИ!

МВР соопшти дека синоќа 48-годишен кумановец пријавил измама за сума од 43.750 евра откако сакал да купи криптовалути.

Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.

Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk