logo
logo
logo

ГОДИШНИНА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Комеморативна седница во Собранието

Vecer | 12.03.2026

ГОДИШНИНА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Комеморативна седница во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени.

На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери.

Како што информира вчера владината портпаролка Марија Митева, на конференцијата ќе учествуваат лекари и медицински персонал од 37 земји кои излегле во пресрет за лекување на настраданите во пожарот. Конференцијата, како што потенцира, има за цел да се направи една сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата од првична интервенција и спасување животи, до долгорочниот третман, рехабилитацијата и системските решенија за иднината. На завршната сесија, пак, ќе бидат презентирани идните решенија и системски чекори кои ги преземаат институциите.

За пожарот во дискотеката во Кочани во тек е судски процес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk