logo
logo
logo

Премиерот Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

СРБИЈА Е ИСКРЕН ПАРТНЕР И ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 03.10.2025

СРБИЈА Е ИСКРЕН ПАРТНЕР И ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја, соопшти Владата.

Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и на олеснувањето на движењето на луѓе и стоки, се вели во соопштението.

„Премиерот Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти, кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан“, соопшти Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk