logo
logo
logo

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ со парична казна и забрана да управува со фирма и со имот

Vecer | 24.09.2026

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ со парична казна и забрана да управува со фирма и со имот

Условна казна од две години затвор, 8.000 евра парична казна и десетгодишна забрана за управување со правни лица доби Љупчо Пецов, откако ја признал вината. Пресудата стана правосилна на 21 септември бидејќи странките не поднеле жалба.

Освен забраната да биде основач или управител на правно лице, Пецов во следните 10 години не смее ниту да управува или располага со неговиот имот.

Казнето е и правното лице ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ, кое е во стечај, со еден милион денари. Во следните 5 години му се забранува да добива дозволи, лиценци и концесии, да учествува на јавни повици и да основа нови правни лица.

Од Кривичниот суд наведуваат дека при одмерувањето на казната ги имале предвид и останатите обвинети во комплексниот случај.

Дел од нив исто така ја признале вината и ја надоместиле паричната штета, а во раздвоените постапки добиле алтернативни мерки.

Љупчо Пецов – Ѓаволот беше обвинет во предметот „Синџир“, кој се однесува на финансиски криминал, даночни измами и даночно затајување. Во предметот се опфатени 26 лица и 28 компании, а сомнежите се дека преку мрежа од фиктивни фактури со ДДВ бил оштетен државниот буџет за околу 8 милиони евра.

Конкретно за Пецов, судот утврдил дека во периодот од март 2019 до август 2021 година, како управител на А.К.А.П., дал неточни документи и податоци и не пресметал и не платил данок во вкупен износ од 10.398.236 денари. Од ова, според пресудата, 3.870.820 денари се однесуваат на неосновано зголемен влезен ДДВ, 2.150.455 денари на намалена обврска за данок на добивка и 4.376.961 денар на неприкажан излезен ДДВ.

Судот го одбил како неоснован посебниот предлог на Обвинителството за одземање 3 автомобили – „фолксваген голф VI GTI“, БМВ од 2018 година и „фолксваген голф“ од 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk