logo
logo
logo

(Видео) СЕРИОЗНО ВО ПРИЛЕП! ГОЛЕМ ПОЖАР зафати текстилна депонија

Vecer | 03.10.2026

(Видео) СЕРИОЗНО ВО ПРИЛЕП! ГОЛЕМ ПОЖАР зафати текстилна депонија

Голем пожар попладнево изби во кругот на поранешниот Сточен пазар, односно кај месноста позната како Терминалот во Прилеп, каде што гори огромна количина на натрупан текстилен отпад.

Густ, црн и задушлив чад веќе со часови се шири над градот и околните населби, предизвикувајќи паника и револт кај граѓаните, кои алармираат за сериозна еколошка опасност.

​Според првичните информации од терен, пламените јазици зафатиле депонирани остатоци од текстил, сунѓери и пластичен отпад, што создава токсични гасови со исклучително непријатна миризба. Поради силината на огнот и запаливоста на материјалот, чадот се издига високо и е видлив од речиси сите делови на Прилеп, но и од патниот правец кон Битола.

​Противпожарните екипи на Територијалната противпожарна единица Прилеп се на терен со повеќе возила и се обидуваат да го локализираат огнот, но гаснењето на текстилниот отпад оди тешко бидејќи жариштата се длабоко под површината на натрупаниот материјал. Во акцијата за прекривање на опожарениот простор со земја се очекува да се вклучи и тешка градежна механизација од јавните претпријатија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk