ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември

Vecer | 21.10.2026

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно го усвои заклучокот за конечност на резултатите од првиот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, каде на 1 ноември ќе се одржи втор круг.

Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ на денешната 23. седница информираше дека истекле двата законски рока за поднесување приговори, а до Комисијата не бил поднесен ниту еден приговор.

– За јавноста би сакал да известам дека истекоа и двата рока за поднесување приговори, и оној за постапката на гласањето, кој истече вчера во 19 часот, и оној за постапката за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, кој беше до денеска во 12:30 часот. До истекувањето на овие два рока ниту еден приговор не беше поднесен до Државната изборна комисија – рече Маричиќ.

Согласно усвоениот заклучок, по гласањето одржано на 18 октомври, на кое не е избран градоначалник во првиот изборен круг, вториот круг во Брвеница ќе се одржи на 1 ноември.

Во вториот круг ќе учествуваат кандидатот под реден број 1 Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот под реден број 6 Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk