Целодневниот паркинг билет оваа летна сезона чини 300 денари по возило во Охрид на местата каде што водите важат за почисти и се подалеку од самит град.
Според информациите од туристите што ги пренесуваат од самото место овие денови, дневната паркинг карта е најскапа на паркингот во Градиште и Љубаништа - 300 денари по автомобил.
- Официјалниот паркиинг во Љубаниште чинеше 300 денари, но пронајдов еден „див“ простор каде што мештанинот ми ја крена рампата за 150 денари, изјави за Фактор еден од туристите кој одлучил да се оддалечи малку повеќе од самиот град.
Билетот не бил евтин ниту на паркингот над плажата „Оревче“, кој чинел 200 денари, а најфер по цена бил паркингот кај комплексот Свети Наум - 100 денари за автомобил, каде што исто така има плажа за туристите.
- 200 денари беше во четвртокот, а за викенд не знам која е цената. Ако тука се додадат две лежалки од по 400 денари, тогаш сумата е висока. За горивото кое овој период е доста скапо а е потребно за да се дојде до таму, да не зборуваме, велат туристи од Скопје.
Покрај цените за лежалки, храна и пијалаци, и паркингот годинава е една од темите за кои најмногу се зборува меѓу посетителите на охридските плажи.
Еден од најконкретните примери е „Горица 3“, каде годинава паркирањето се наплаќа 50 денари за час. Тоа значи дека за осумчасовен престој на плажа, возачот би платил 400 денари. Лани, на истото место, дневната тарифа била 200 денари.
Не е јасно која е причината паркингов годинава да е двојно поскап од лани? Мора да е поради војната во Иран и поскапувањето на нафата, друга причина не се гледа.
Поради промената, дел од туристите, според известувањата од терен, наместо на уредениот паркинг ги оставаат автомобилите покрај шумата и на неуредени површини.
Кај Метропол и Трпејца, според свежи искуства на посетители објавени во август годинава, се споменува цена од околу 200 денари
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата