МИЦКОСКИ НА САМИТОТ ВО ЦРНА ГОРА со лидерите од Западен Балкан и германскиот канцелар Мерц

Vecer | 21.10.2026

МИЦКОСКИ НА САМИТОТ ВО ЦРНА ГОРА со лидерите од Западен Балкан и германскиот канцелар Мерц
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски утре, 22 октомври ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

Пред почетокот на настанот предвидени се кратки изјави за медиумите, додека на главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.

Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk