logo
logo
logo

Венеција нуди престој и работа за плата од 150.000 евра годишно

Vecer | 29.08.2024

Венеција нуди престој и работа за плата од 150.000 евра годишно

Градот, имено, бара веслачи на гондоли кои ќе ги водат туристите низ каналите. Кандидатите треба да имаат 18 години или повеќе, да имаат одредено училишно образование и да знаат да пливаат. Тие ќе мора и да зборуваат италијански. Идните гондолиери сега прво ќе треба да минат шестмесечен курс за обука - вкупно 400 часа, којшто инаку, чини околу 1.000 евра.

„Официјалната тарифа за 30-минутно возење со гондола е 80 евра. Цената оди до 100 евра од 19 часот па натаму. Ако сакате гондолиерот да пее или да свири инструмент за време на возењето, ќе треба да се доплати“, се вели во описот.

По завршувањето на обуката, кандидатот добива сертификат и дозвола за веслење гондола.

Веслачот потоа е одговорен и за одржување на 11-метарското пловило. Пријавите за работното место се затворени на 27 август./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk