logo
logo
logo

Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.

Vecer | 13.10.2026

Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.

Не можете да се ослободите од салото на стомакот правејќи стомачни вежби или консумирајќи некоја намирница. Со намалување на обемот на масното ткиво, обично се намалува обемот на струкот. Еве кои навики треба да ги усвоите за тој процес да биде одржлив и долгорочен, според стручните лица од клиниката „Џонс Хопкинс“.

Промените почнуваат од секојдневните избори

Наместо потполно да ги исфрлите јаглехидратите, поважно е да изберете поквалитетни. ДАјте им предност на намирниците богати со растителни влакна, а рафинираните јаглехидрати и производи со додаден шеќер јадете ги ретко.

Не потпирајте се на строги и краткотрајни диети. Покорисно е да најдете начин на исхрана до кој ќе се придржувате со месеци и години. Внесете повеќе зеленчук на менито, мешунки, квалитетен извод на протеини и други минимално преработени намирници.

Движењето исто така е важно. Редовна умерена до интензивна физичка активност може да придонесе во намалување на абдоменалната маснотија. Со аеробни вежби, како што се брзото одење, возење велосипед или пливање, како и вклучување на тренинг за сила, може да ја сочувате и да изградите мускулна маса.

Напредокот не се мери само со килограми

Навика што често ја пропуштаме е читањето декларации. Производите што делуваат „лесно“, или немасно, може да содржат доста шеќер, додека преливите, сосовите и мајонезите лесно го зголемуваат внесувањето калории. Затоа погледнете го составот пред да го купите производот.

Ограничете ги преработените производи, особено грицките, слатките и засладените пијалаци.

На крај, не дозволувајте вагата да биде единствено мерило за успехот. Ако истовремено губите масти, добивате мускулна маса, па килограмите не паѓаат лесно. Она на што треба да обрнете внимание е обемот на струкот и начинот на кој ви прилега облеката.

Многу е полесно да истраете кога имате поддршка. Заедничка прошетка, тренинг или подготовка на поздрав оброк со партнерот, пријателите или семејството може новите навики да ги претвори во дел од секојдневната рутина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk