logo
logo
logo

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Vecer | 12.10.2026

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години.

Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем.

Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака.

Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат.

Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус.

За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби.

- Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот.

Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете.

И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот.

Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра.

На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот.

Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk