logo
logo
logo

КАТАСТРОФА ЗА ФОЛКСВАГЕН, на пазарот продале 4 милиони возила со сериозна грешка

Vecer | 25.09.2026

КАТАСТРОФА ЗА ФОЛКСВАГЕН, на пазарот продале 4 милиони возила со сериозна грешка

Фолксваген, до пред две-три години најголем производител н автомобили на светот не само што го загуби тронот во полза на Тојота, не само што пропаѓа и во тек е отпуштање на над 100.000 работници до крајот на идната година, сега се соочува и со загуба мерена во стотици милиони евра ако не и повеќе и крајно сериозен удар врз довербата и угледот на пазарот.

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen Group се соочува со едно од најголемите отповикувања на возила во својата понова историја, што опфаќа околу четири милиони автомобили ширум светот поради потенцијален сериозен дефект на системот за управување.

Отповикувањето не ги опфаќа само моделите од главните брендови Volkswagen и Audi, туку и возилата од другите брендови на групацијата, Škoda и Seat, пренесува германскиот дневен весник *Handelsblatt*.

Од вкупниот број на отповикани возила, околу 2,16 милиони се модели на Volkswagen (вклучувајќи го и популарниот „Golf 8“), повеќе од еден милион се модели на Škoda, околу 700.000 се Audi, а околу 200.000 се возила на Seat.

Според податоците од германската Федерална управа за моторни возила (KBA), проблемот се однесува на завртка во механизмот за управување која може да пукне, што во најлош случај може да доведе до целосно губење на контролата врз управувањето за време на возењето.

Извори од компанијата посочуваат дека вонредните посети на сервис и замената на делови ќе резултираат со огромни финансиски трошоци.

Volkswagen, додаваат изворите, не се соочил со отповикување од вакви размери уште од избувнувањето на скандалот со дизел-моторите („Dieselgate“) пред повеќе од една деценија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk