logo
logo
logo

ГОЛА ЖЕНА ВО АВИОН ги вознемирувала патниците - интервенирала полиција

Vecer | 14.09.2026

ГОЛА ЖЕНА ВО АВИОН ги вознемирувала патниците - интервенирала полиција

Патничка на летот на американската компанија „Американ ерлајнс“ целосно се соблекла и „изведувала непримерени дејствија пред другите патници“, по што полицијата ја привела по слетувањето на авионот на Меѓународниот аеродром во Мајами, пренесоа американските медиуми.

Инцидентот, како што наведува „Фокс њуз“, се случил за време на летот од Балтимор до Мајами, кога екипажот ги известил пилотите за непримерното однесување на патничката.

Според записите од системот ACARS, кои ги објави специјализираниот авио-сајт „ЕрЛајв“, главната стјуардеса пријавила дека патничката на седиштето 9D се соблекла гола и изведувала непристојни дејствија кои можеле да ги видат патниците во нејзина близина.

Екипажот за инцидентот го известил Оперативниот центар на „Американ ерлајнс“ и побарал полицијата да биде присутна по слетувањето.

Авионот го продолжил летот без пренасочување и слетал во Мајами околу 23:23 часот по локално време, каде што локалната полиција ја уапсила патничката. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk