Пејачката Бони Тајлер, позната по голем број хитови, вклучувајќи ја и „Total Eclipse of the Heart“, почина на 76-годишна возраст. Во соопштението на официјалната веб-страница на пејачката се вели дека таа починала „неочекувано“ синоќа во болница во Португалија „како резултат на болест од која се лекувала“, објави Би-Би-Си.
Пејачката родена во Јужен Велс беше ставена во медицински предизвикана кома во мај откако беше подложена на итна операција на цревата во Португалија. Минатиот месец, нејзиниот портпарол изјави дека таа се извлекла од кома, но останува „во многу сериозна состојба и на интензивна нега“.
Најпознатата песна на Бони Тајлер е несомнено „Total Eclipse of the Heart“, раскошна рок-опера која гори со речиси религиозен жар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата