ПОЧИНА ИСМАИЛ БОЈДА

Vecer | 01.08.2026

ПОЧИНА ИСМАИЛ БОЈДА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Бојда (Боја), долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

„Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен претседател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за идните генерации како треба да сте Горд што му припаѓате на Македонскиот народ но и почестен и Горд што и припаѓате на Исламската религија. Залагајќи се за македонско единство тој често знаеше да каже :Суштинска е потребата од сплотување на Македонците, без разлика на нивната религија или место на живеење,“, објави актуелниот претседател на СМИР Љатиф Пајкоски.

Исмаил Бојда по потекло беше од село Борје, Гора, Косово. Погребот е утре во Скопје каде живееше со семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk