(Виео) АВИОН ПАДНА НА АВТОПАТ И СЕ ЗАПАЛИ - Хорор сцена на прометна сообраќајница

Vecer | 20.11.2026

(Виео) АВИОН ПАДНА НА АВТОПАТ И СЕ ЗАПАЛИ - Хорор сцена на прометна сообраќајница
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Вистинска драма се одигра на прометен автопат во Мексико, кога мал патнички авион при полетување излета од аеродромскиот простор, ја проби заштитната ограда и се урна директно меѓу возилата на коловозот, по што веднаш се запали, а за чудо сите шест лица во леталото ја преживеаја несреќата со само полесни повреди. Инцидентот се случи на 18 ноември околу 13:50 часот по локално време на автопатот Монтереј – Нуево Ларедо во мексиканската сојузна држава Нуево Леон, непосредно до аеродромот „Дел Норте“. Според првичните информации на локалните власти, авионот од типот „Пајпер Малибу ПА-46“ (Piper Malibu PA-46) со регистарски ознаки XB-MKC загубил сила за време на полетувањето, најверојатно поради дефект на моторот, по што прелетал преку сообраќајницата и завршил на спротивната страна каде избувнал голем пожар кој целосно го уништил леталото.

A plane crashed onto a busy highway in Mexico and burst into flames — all six people on board survived The Piper Malibu 46 suffered an engine failure during takeoff. The aircraft smashed through the airport perimeter fence and came down on the Monterrey–Nuevo Laredo highway, where it caught fire. There were two pilots and four passengers on board. All six survived and sustained only minor injuries.

— NEXTA (@nexta_tv) November 20, 2026

Во авионот се наоѓале двајца пилоти и четворица патници, кои и покрај силината на ударот и пламените јазици што го зафатиле трупот успеале да се извлечат без повреди опасни по живот, соопшти локалната цивилна заштита. Драматичниот момент на падот го снимила камера од автомобил кој се движел по автопатот, при што на снимката се гледа како неколку возила нагло кочат додека авионот паѓа на коловозот и прелетува на само неколку метри од автобус полн со работници. За среќа, ниту еден од учесниците во патниот сообраќај не е повреден.

На местото на несреќата веднаш интервенирале противпожарни екипи, брза помош и припадници на цивилната заштита, кои го изгаснале огнот и го обезбедиле теренот, поради што сообраќајот во двата правца бил во прекин околу три часа. Мексиканската Федерална агенција за цивилно воздухопловство информираше дека со леталото управувала компанијата „Касаго“ и дека авионот бил на пат кон аеродромот во Атизапан, додавајќи дека е покрената официјална истрага за утврдување на точните причини за губењето на моќноста при полетувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk