Необичен и мистериозен настан ги шокираше капачите откако морето исфрли на брегот 700.000 евра спакувани во пластични кеси.
Еврата биле спакувани во пластични кеси, ставени во кеса од „Лидл“ и уште една кеса за пазарување со кечап од домати од малтешкиот бренд „Three Hills“.
Инцидентот се случил на 28 јули. На глисерот, долг околу 5,5 метри, му снемало гориво недалеку од брегот на Казуца, западно од Марина ди Рагуза, на сицилијанскиот брег Во него се наоѓале тројца возрасни од Малта и едно тринаесетгодишно дете, пренесува Times of Malta.
Пред да пристигнат спасувачите, луѓето од глисерот наводно фрлиле во водата неколку пакети со банкноти, во проценета вредност од 700.000 евра.
Луѓето на плажата, кои забележале како парите плутаат меѓу брановите, влетале во морето за да ги земат банкнотите, што предизвикало хаос на брегот.
Полицијата успеала да ги поврати речиси сите пари извлечени од водата.
Сите четворица патници биле идентификувани и спроведени во локалната канцеларија на крајбрежната стража на распит. Глисерот бил одвлечен во пристаништето и запленет за техничко вештачење. Италијанската полиција се обидува да го утврди потеклото на готовината.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата