Шокантен и невиден скандал го запали германското општество откако беше откриен случајот со 62-годишна учителка од Дуисбург, која неверојатни 17 години била на боледување и примала целосна плата без ниту еден ден да стапне во училиштето!
Измамничката, која со години не работела во својата струка, редовно ги лапала сите државни примања, ги добивала сите законски повишувања на платата, а дури наплаќала и одштети за неористени годишни одмори! Сега, оваа нечувена измама ја прели чашата во германското правосудство, а учителката се соочува со ригорозни кривични последици и можна затворска казна.
Целиот кошмар започнал уште во далечната 2009 година, кога наставничката од стручното училиште во Весел отворила боледување поради наводни психички проблеми, по што лекарските потврди автоматски ѝ се продолжувале. Работите станале бизарни кога во 2015 година на чело на училиштето дошол нов директор кој за германскиот весник „БИЛД“ призна дека дури девет години подоцна дознал оти таква личност извршува формална дејност и зема пари од нивниот буџет.
Дури во пролетта 2024 година, училишниот надзор конечно алармирал, по што полицијата и обвинителството упаднале и извршиле претрес во нејзиниот стан. Обвинителката веќе поднесе официјален обвинителен акт до Големиот кривичен совет на Земскиот суд во Дуисбург, со што се става крај на најдеценијата државна измама во Германија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата