logo
logo
logo

Пиете ли ВОДА ШТО СТОЕЛА цел ден? ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА...!

Vecer | 10.04.2026

Пиете ли ВОДА ШТО СТОЕЛА цел ден? ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА...!

Секому од нас му се случило да се напие вода од чаша што била наполнети уште претходниот ден.

Но, колку е навистина исправно да се прави тоа?

Кристен Смит, диететичарка и портпаролка на Академијата за исхрана и диететика, вели дека лично се придржува до правилото од 12 часа за чаша вода. По 12 часа, Смит ќе наточи и ќе испие нова чаша. Сепак, таа вели дека можете да испиете чаша вода стара еден ден „сè додека не била изложена на контаминанти или оставена откриена“.

Микробиологот Џејсон Тетро, познат како „The Germ Guy“, исто така вели дека 12 часа е граница за пиење останата вода од чаши. За него, потенцијалните бактериски проблеми не би дошле од загадувањето на воздухот, туку од чешмата.

Едно истражување откри дека концентрацијата на бактериски клетки во водата за пиење се зголемува преку ноќ. Ретко користените чешми за пиење исто така можат да содржат високи нивоа на бактерии.

„Во првите 12 часа нема доволно ‘храна’ за да се зголеми бројот на бактерии“, вели Тетро. „По тие 12 часа, ќе има услови за размножување на бактериите.“

Ако водата стоела цел ден, тоа може да биде опасно

Со други зборови, ако пиете вода од претходната вечер, веројатно е сè во ред. Но, ако водата стоела цел ден, подобро е да земете нова чаша вода, дури и ако сте користеле филтер за вода, за да избегнете гастроинтестинални проблеми.

„Водата стара еден ден станува плодна средина за патогени“, вели Тетро. „Затоа најдобро е да земете нова чаша вода.“

Споделувањето вода со некој друг ја забрзува временската рамка кога треба да ја фрлите, пишува Huff Post.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk