logo
logo
logo

Комбиниран пристап за корекција на постпородилни промени – Mommy Makeover, достапен во Клиника Жан Митрев

Vecer | 06.02.2026

Комбиниран пристап за корекција на постпородилни промени – Mommy Makeover, достапен во Клиника Жан Митрев

Трајна корекција на најчестите телесни промени предизвикани од бременост и доење е достапна единствено во Клиника Жан Митрев. Mommy Makeover е интегриран пристап кон реобликување на телото, наменет за пациентки кои сакаат медицински структуриран и индивидуален третман кон подобрување на изгледот и контурата на телото.

Бременоста и периодот на доење носат природни, но често и изразени промени, особено во пределот на абдоменот и градите, кои не секогаш се коригираат целосно со физичка активност и урамнотежена исхрана. Во таа смисла, Mommy Makeover претставува концепт кој ги обединува најсоодветните хируршки решенија со јасна цел, корекција на ткивната релаксација, подобрување на формата и враќање на пропорциите, во рамки на реални очекувања и медицински оправдани индикации.

„Во зависност од наодот и потребите на пациентката, третманот најчесто вклучува абдоминопластика (затегнување на стомакот), со која се отстранува вишокот кожа, се зацврстува абдоминалната структура и се постигнува порамна и поцврста абдоминална контура. Дополнително, кај пациентки кај кои по доење и со текот на времето се јавува промена во формата и позицијата на градите, се применува подигнување на гради (мастопексија), со цел да се врати поприродна позиција и постабилен, младешки изглед, без компромис со природноста“, вели д-р Живорад Коцевски, пластичен реконструктивен и естетски хирург во Клиника Жан Митрев..

Секој план се креира индивидуално, по детална специјалистичка консултација и проценка, при што се разгледуваат очекувањата, можностите, индикациите и постоперативниот тек, а одлуката за опфатот на интервенциите се носи внимателно и персонализирано, со примарен фокус на безбедноста и медицинската оправданост на пристапот.

„Mommy Makeover не е универзално решение, туку внимателно испланиран пристап кој го усогласуваме со анатомијата, здравствената состојба и целите на секоја пациентка. Наш приоритет се безбедноста, реалните очекувања и природниот резултат. По детална проценка, одредуваме кои интервенции се навистина оправдани и како да обезбедиме предвидлив тек на закрепнување и стабилен резултат“, дополнува д-р Коцевски.

За пациентките кои размислуваат за оваа услуга, во Клиника Жан Митрев е достапна можност за бесплатна консултација, како прв чекор кон информирана одлука и индивидуален план на третман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk