logo
logo
logo

Правилата на ЕУ остануваат во сила: Од 25 октомври се враќаме на зимско сметање на времето

Vecer | 09.09.2026

Правилата на ЕУ остануваат во сила: Од 25 октомври се враќаме на зимско сметање на времето

Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија, ќе почне на 25 октомври кога стрелките на часовникот ќе се вратат од 03.00 на 02.00 часот, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври.

Распоредот е изготвен врз основа на важечките правила, така што тоа не значи дека промената на часовникот дефинитивно ќе остане до 2031 година.

Доколку во меѓувреме се донесат нови регулативи на ЕУ, промената двапати годишно би можела да се укине порано.

Дел од земјите на ЕУ со години предлагаат да се укине летното и зимското сметање на времето. ЕП во 2019 година усвои нацрт-закон за укинување на зимското и летното сметање на времето во 2021 година, но тоа беше одложено до понатамошно известување бидејќи земјите-членки не можеа да се договорат за тоа кое време треба да се задржи.

Според правилото на ЕУ кое го прифати и Македонија летното сметање на времето почнува последниот викенд од март (во 02.00 ч. стрелките се движат напред на 03.00 ч.). зимското време почнува во последниот викенд од октомври (во 03.00 ч. стрелките се враќаат назад на 02.00 ч.).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk