logo
logo
logo

(Снимено на камера) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО АНТАЛИЈА - Татко на три деца скокнал во плитко и останал на место!

Vecer | 07.09.2026

(Снимено на камера) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО АНТАЛИЈА - Татко на три деца скокнал во плитко и останал на место!

Трагичен крај на летувањето во турската провинција Анталија – 39-годишен татко на три деца починал откако со глава напред скокнал од хотелски мол во море длабоко само околу 50 сантиметри. Несреќата се случила на 4 септември во Конакли, во туристичкото подрачје на Аланија, а моментот на скокот бил снимен од безбедносна камера.

Според турските медиуми, загинатиот е Ариф Ерман од Сапанџа. На снимката се гледа како тој доаѓа до работ на молот, ја набљудува водата, се враќа неколку метри наназад, се затрчува и скока со глава напред преку заштитните јажиња. На местото каде што скокнал водата била длабока само околу половина метар.

Веднаш по несреќата реагирал спасувач, кој скокнал во морето и го извлекол тешко повредениот маж. На Ерман му била укажана прва помош, по што со брза помош бил пренесен во болница. Лекарите, сепак, не успеале да му го спасат животот.

Турската агенција DHA објави дека на молот имало и предупредувачки табли со кои гостите биле известени дека скокањето во морето е опасно и забрането. Иако на социјалните мрежи се тврди дека Ерман при ударот се здобил со тешка повреда на вратот, турските агенциски извештаи не наведуваат конкретна медицинска дијагноза, туку само дека бил тешко повреден при скокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk