logo
logo
logo

Ако го чепнете „РаСвет“ АМЕРИКАНСКИТЕ „СТАРЛИНК“ ЌЕ ПАЃААТ КАКО ЛАМПИОНИ, се закани Медведев

Vecer | 04.10.2026

Ако го чепнете „РаСвет“ АМЕРИКАНСКИТЕ „СТАРЛИНК“ ЌЕ ПАЃААТ КАКО ЛАМПИОНИ, се закани Медведев

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, испрати отворено и безмилосно предупредување до Соединетите Држави, порачувајќи дека каков било обид за уништување или блокирање на новата руска сателитска мрежа „РаСвет“ ќе предизвика целосен светски војна во вселената.

Реакцијата на Медведев дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп итно да изврши притисок и да ја блокира руската сателитска алтернатива на „Старлинк“, со цел да се спречи Москва да добие стабилна широкопојасна комуникација и врска за дроновите директно на фронтот.

– „Блокирањето“ на руската сателитска групација „РаСвет“ на барање на киевскиот идиот значи само нејзино уништување. А тоа би довело до вселенски војна од размери што не се видени досега, напиша Медведев на Телеграм, упатувајќи директна закана кон империјата на Илон Маск.

Сателитите на Маск како мета

– Се надевам дека Американците го разбираат тоа. Зашто тогаш нивните нискоорбитални сателити „Старлинк“ би паѓале како украси од исушена божиќна елка, порача Медведев, потсетувајќи дека вселената е премногу тесно место и дека е потребно меѓусебно почитување.

Додека Киев преку дипломатски канали и барања до Меѓународната унија за телекоммуникации се обидува законски да ги исклучи фреквенциите над Украина за системот што го развива руската компанија „Биро 1440“, Москва забрзано ја гради својата орбитална мрежа која во иднина треба да брои повеќе од 900 сателити, отворајќи ново, опасно жариште далеку над Земјината атмосфера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk