logo
logo
logo

Светски ден на турското кафе: „ШОЛЈА КАФЕ ОБВРЗУВА НА 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“

Vecer | 05.12.2025

Светски ден на турското кафе: „ШОЛЈА КАФЕ ОБВРЗУВА НА 40 ГОДИНИ ПРИЈАТЕЛСТВО“

Турската агенција за развој и промоција на туризмот соопшти дека денес се одбележува Светскиот ден на турското кафе, кое од 2013 година се наоѓа на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, а од оваа година е и првиот „традиционален назив на производ“ од Турција што е официјално регистриран во Европската Унија (ЕУ).

Турското кафе има историја подолга од 500 години, а во Отоманската империја пристигнало преку Јемен во 16. век, се наведува во соопштението.

Забележувајќи ја неговата сè поголема популарност, трговците почнале да ги пренесуваат зрната кафе преку границите, па така турското кафе пристигнало и во Европа, поставувајќи ги темелите на европската култура на кафе.

Послужувањето турско кафе претставува безвременски гест на гостопримство и топлина, што најдобро го опишува поговорката: „Шолја кафе обврзува на 40 години пријателство“, соопшти агенцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk