logo
logo
logo

МАКЕДОНЕЦ СО КОЛАТА УСМРТИЛ ОВЦИ - му се заканува затвор до 48 месеци!

Vecer | 25.09.2026

МАКЕДОНЕЦ СО КОЛАТА УСМРТИЛ ОВЦИ - му се заканува затвор до 48 месеци!

Триесет и шестогодишен македонски државјанин се соочува со сериозни правни последици во Италија, откако во местото Касале Сул Силе, во близина на Тревизо во регионот Венето, предизвика инцидент во кој со автомобил усмрти две овци и вербално му се закануваше на овчарот.

Според полициските информации, македонскиот државјанин со возилото минал низ стадо овци при што удрил и усмртил две животни. По ударот, тој излегол од возилото и започнал агресивно да му вика и да му се заканува на сопственикот на стадото.

По извршената пријава, италијанското Јавно обвинителство против него поднесе официјално обвинение. Насилникот наскоро треба да се појави пред надлежен судија, каде поради тежината на делото му се заканува затворска казна до 48 месеци.

Случајот се процесуира согласно строгите одредби од италијанскиот Закон за заштита на животните, познат како „Закон Брамбила“, кој стапи на сила во јули 2025 година. Ова законско решение ги дефинира животните како чувствени суштества со загарантирани права и предвидува драстично зголемени санкции.

За неоправдано убиство на животно, особено кога е пратено со агресија, законската рамка пропишува ефективна казна затвор од шест месеци до четири години, како и парични казни кои достигнуваат до 60.000 евра. Законот содржи и посебни одредби со кои дополнително се зголемуваат казните доколку дејствијата биле извршени пред малолетници или биле снимени и објавени на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk