Петнаесетгодишната Јулеиди Искотојак од Гватемала приреди невиден шок за своето семејство откако се разбуди и се исправи во ковчегот речиси осум часа откако нејзините најблиски поверуваа дека го загубила животот.
Шокантниот настан се случил на 10 октомври во селото Ел Хокоте. Според изјавите на нејзиниот татко, Абрахам Искотојак, тинејџерката во текот на ноќта почувствувала разорни болки во градите, по што итно тргнале кон најблиската болница. Меѓутоа, на пат кон медицинската установа, девојчето изгубило свест. Таткото го запрел возилото, не успеал да ѝ пронајде пулс ниту да забележи дишење и, мислејќи дека нејзиното срце застанало, избрзано купил ковчег и се вратил дома за да го организира погребот – без притоа смртта да биде официјално потврдена од ниту еден лекар.
Драма за време на проштевањето: Почна да се поместува пред сите!
Додека роднините, пријателите и соседите беа собрани околу отворениот ковчег ронејќи солзи, по цели осум часа нејзината мајка забележала драматично поместување. Пред вчудоневидените присутни, 15-годишната Јулеиди ги отворила очите, ги погледнала присутните и почнала бавно да се исправа во ковчегот.
Морничавиот момент каде преплашеното семејство ѝ помага на девојката да излезе од ковчегот експресно се прошири на социјалните мрежи.
Огромен сјај во темнината: Што видела додека била без свест?
По застрашувачкото искуство, Јулеиди им опиша на локалните медиуми низ што поминала додека нејзиното тело било парализирано.
– „Срцето почна страшно да ме боли. Осеќав огромна тежина и потоа се онесвестив. Беше исто како да спијам, но не можев да си го почувствувам телото. Бев во тотална темнина и барав светлина. Светлината беше далеку, но успеав да стигнам до неа. Кога се разбудив, сфатив дека сум дома“, раскажа девојчето.
Нејзиниот татко, кој инаку е евангелистички пастор, верува дека станува збор за вистинско божјо чудо, додека видео-снимките од воскреснувањето продолжуваат да ја брануваат јавноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата