Петнаесет години архитектонски истражувања и реализирани проекти ќе бидат претставени на изложба CORPOREAL, со која архитектонското студио ТАКТИК архитектура го одбележува својот јубилеј, отварајќи го за јавноста процесот на
создавање на архитектура од идеја до физичка реализација.
Преку избор на реализирани проекти и визуелни материјали, CORPOREAL го претставува развојот на студиото, различните пристапи кон архитектонското проектирање и континуираното преиспитување на односот:човек/објект/простор.
Отворањето на изложбата за пошироката јавност претставува можност за запознавање со процесот на создавање архитектура, надминувајќи го вообичаеното индивидуално доживување и впечаток.
Изложбата ќе се одржи на 18 ноември 2026 година, во Домот на АРМ во Скопје, и ќе биде отворена за посетители од 19.00-22.00 часот.
Настанот е отворен повик за сите заинтересирани за архитектурата, дизајнот и идеите што го обликуваат просторот околу нас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата