Неконтролиран и скандалозен хаос го парализираше јерменскиот парламент откако жестоката вербална расправија меѓу власта и опозицијата прерасна во масовна тепачка во која десетици пратеници буквално разменија тупаници пред очите на целата јавност!
Тоталниот хаос започна за време на говорот на Тарон Чахојан, пратеник од владејачката партија „Граѓански договор“. Според извештаите, Чахојан за време на неговото обраќање упатил тешки и директни навреди кон опозицијата, што моментално го запали фитилот. Првичната турканица меѓу него и опозицискиот пратеник Гарник Давтјан од партијата „Силна Ерменија“ за неколку секунди ескалираше во невидено дивеење.
Во пресметката итно се вклучија десетици разуларени пратеници од сите страни, а собраниската сала се претвори во вистинска боксерска арена во која се користеа тупаници, а кон противниците летаа дури и стаклени и пластични шишиња!
Претседателот на собранието, Рубен Рубињан, во тотален шок не реагираше веднаш, за потоа панично да го повика обезбедувањето кое со мака ги раздвојуваше збеснатите политичари. По оваа невидена бламажа, седницата веднаш беше прекината, а претседателот прогласи итна пауза додека обезбедувањето ја расчистуваше салата.
🇦🇲 Депутаты от оппозиции и правящей в Армении партии "Гражданский договор" устроили сегодня во время заседания Национального собрания эпичный махач. Спикеру пришлось вызывать охрану, чтобы разнять драчунов. Когда парламент — место для дискуссии. https://t.co/oQkniX8ZXR
— Рустем Адагамов (@adagamov) October 29, 2026
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата