logo
logo
logo

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГИ ПОМЕСТИТЕ ЧАСОВНИЦИТЕ: Ноќеска почнува летното сметање на времето

Vecer | 28.03.2026

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГИ ПОМЕСТИТЕ ЧАСОВНИЦИТЕ:  Ноќеска почнува летното сметање на времето

Ноќеска завршува зимското и започнува летното сметање на времето, со поместување на часовникот за еден час нанапред – од два на три часот.

Според уредбата за летно сметање на времето во 2026 година, промената стапува на сила на 29 март и ќе трае до 25 октомври.

Летното сметање на времето овозможува повеќе дневна светлина и потенцијално намалување на трошоците за електрична енергија, но експертите предупредуваат дека губењето еден час сон може да предизвика нарушувања на спиењето и други здравствени тегоби, особено во првите денови по промената.

Прописите за летно сметање на времето се усогласени на ниво на Европската Унија уште од 1996 година. Иако во 2018 година беше предложено укинување на поместувањето на часовникот, до денес не е постигнат конечен договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk