Ведрана Рудан пишуваше колумни на разни теми на својот блог Rudan.info, и зборуваше за смртта, погребот и што би сакала по смртта која ја дочека вчера, но пред да се сретнат Ведрана остави длабока трага зад себе.
Во текстот, кој го објави на својот блог, Рудан, во својот препознатлив духовит и провокативен стил, пишуваше за облеката на Армани, кражбата и сопствениот погреб.
Во својот текст, Ведрана Рудан хумористично пишуваше за смртта и што ќе понесе „на другиот свет“. Повод беше приказната за шврцерите од Чачак кои како “благодарност за негов придонес кон нивниот бизнис“ објавија некролог за Џорџо Армани на српски и италијански јазик.
Таа приказна, како што напиша, ја врати во нејзините четириесетти години, кога купила две јакни Армани од продавач во Риека. Една од нив носеше и на свадбата, но таа доаѓаше и со еден малку необичен „детаљ“.
„Ликот ми даде попуст бидејќи сè уште имаше сигрносно копче против кражба на јакната. Посетував продавници во Риека, продавачките не сакаа или не можеа да го тргнат копчето. Се омажив со сигурносното копче на мојот задник“, напиша Рудан.
Потоа таа опиша како таа и нејзиниот сопруг ја гледале церемонијата на положување заклетва на нивниот пријател, кој потоа станал судија.
Бидејќи немале доволно пари за одело, Ведрана Рудан и нејзиниот сопруг му купиле шверцувано одело од Армани. Нејзината приказна наскоро се претвора во црн хумор за смртта и средбата со Свети Петар.
„Решив, нема да застанам со шверцуван Армани пред Свети Петар“, напиша Рудан.
Наместо скапа облека, таа имаше сосема поинаква идеја за „последниот аутфит“ пред заминувањето од овој свет и “средбата со Свети Петар“. Како што изјави, нејзиниот сопруг ѝ ги покажа најновите модели на пижами во Лидл.
„Свети Петар е последната личност што сакам да ја импресионирам“, рече таа.
На крајот, Рудан заклучи дека нема намера да носи Армани во рајот.
„Не ми паѓа на памет дека во рајот, меѓу сите тие здодевни луѓе, шетам во Армани. Ќе му ги оставам и јакните и оделата на мојот внук.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата