logo
logo
logo

КИНЕЗИТЕ МУ ГО ЗЕМАА СКАЛПОТ НА ФОЛКСВАГЕН - Купуваат фабрики низ Европа и ги заобиколуваат сите царини!

Vecer | 20.08.2026

КИНЕЗИТЕ МУ ГО ЗЕМАА СКАЛПОТ НА ФОЛКСВАГЕН - Купуваат фабрики низ Европа и ги заобиколуваат сите царини!

Кинеските гиганти за електрични возила, предводени од BYD и Chery, најдоа лукав начин да ги заобиколат високите царини на Европската Унија кои достигнуваат и до 35 проценти. Наместо да плаќаат солени давачки за увезени автомобили, тие влегуваат директно во празните и неактивни фабрики на европските гиганти низ Шпанија, Англија и Германија.

Chery веќе ја презема поранешната фабрика на Нисан во Барселона и преговара за погонот во Сандерленд, додека BYD цели кон преземање на половина од фабриката на Фолксваген во Дрезден. За кинеските компании ова е поевтина и побрга опција бидејќи ги добиваат подготвени сите згради, струјата и веќе обучените локални работници.

Овој потег ги става европските производители како Фолксваген, Форд и Нисан во исклучително подредена положба. Додека нивната продажба паѓа а фабриките им остануваат празни поради намалениот интерес за возила на гориво, Кинезите во првиот квартал од годинава ја зголемија продажбата во Европа за дури 88 проценти.

Аналитичарите предупредуваат дека ова е долгорочна опасност за европската автоиндустрија. Со предавањето на фабриките, Европа им дава на кинеските фирми домашен легитимитет и пристап до евтина работна сила, додека западните марки ризикуваат целосно да станат зависни од кинеските батерии, софтвер и технологија. Додека за европските производители ова е само краткорочно крпење на дупките во буџетот, Кинезите добиваат трајно упориште на европско тло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk