СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Битола е пријавено дека на место викано „Тумбе кафе“, во поранешната касарна во Битола, биле пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 парчиња бомби и гранати од Првата светска војна.

Според информациите од полицијата, пронајденото експлозивно количество е детално специфицирано по видови.
„Станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна.“
Од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола информираат дека ископувањата привремено ќе прекинат поради неповолните временски услови, но и поради недостиг на кадар, што се очекува да се реши наесен.
Акцијата за истражување, откривање и отстранување на неесклподирани материјали од Првата светска војна ќе биде прекината заради високите дневни температури и ќе продолжи во месец септември до кога се очекува вработување на уште еден пиротехничар кој ќе се придружи на единствениот пиротехничар во овој регион.“
Од надлежните служби додаваат дека локацијата каде што беа пронајдени и безбедно подигнати откриените бомби и гранати во моментов е комплетно обезбедена и останува строго забранета за движење на граѓани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата