logo
logo
logo

СОК ПРОТИВ МАМУРЛАК: Рецепт што ги ублажува тегобите по една чаша

Vecer | 08.01.2026

СОК ПРОТИВ МАМУРЛАК: Рецепт што ги ублажува тегобите по една чаша

По празниците, ако сте претерале со алкохол и чувствувате мамурлак, често ни е потребно брзо закрепнување. Во таков случај, совршен избор е освежувачки сок кој дава енергија, хидратација и витамин Ц – токму она што ви е потребно за полесен почеток на денот.

За овој сок е потребна богата комбинација од овошје и зеленчук, која содржи природни шеќери, минерали и витамини што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро и да ја вратите рамнотежата.

Состојки:

  • 2 портокали
  • 2 моркови
  • 2 стебла целер
  • 1 цвекло
  • 1 лимон
  • Парче свеж ѓумбир (околу 2–3 см)

Подготовка: За почеток, добро измијте го овошјето и зеленчукот. Портокалите, лимонот и цвеклото излупете ги. Потоа ставете ги сите состојки во соковник, исцедете го сокот и уживајте во него веднаш, додека е свеж.

Ако немате соковник, можете да користите и блендер – само изблендирајте ги сите состојки со малку вода (околу половина чаша), а потоа процедете низ цедалка за да добиете фин сок.

Така ќе си обезбедите брза хидратација и енергија, а воедно ќе уживате во вкусот на здравите состојки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk