logo
logo
logo

ШТИПСКА „АКТИВА“ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДНИОТ КАПАЦИТЕТ, благодарение на парите од унгарскиот кредит

Vecer | 05.03.2026

ШТИПСКА „АКТИВА“ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДНИОТ КАПАЦИТЕТ, благодарение на парите од унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети производниот погон на текстилниот и машински гигант „АКТИВА“ во Штип, каде што беше информиран како компанијата ги потрошиле парите дадени од Владата преку унгарскиот заем.

Според премиерот, токму овие пари овозможиле компанијата да добие „нова физиономија“ и да инвестира во капацитети со голема додадена вредност за македонската економија.

-Задоволство е што како Влада учествувавме овој капацитет да се прошири. Сопствениците го искористија заемот за вложување во нови поразводни капацитети, а тие имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип – рече Мицкоски.

Тој рече дека Влада, ќе стори се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.

-Тоа е наш приоритет, така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме и од сега- рече Мицкоски.

Во компанијата работат 580 работници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk