logo
logo
logo

БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА ЗАПАЛИ ЦЕНАТА НА НАФТАТА

КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК ГИ ТРЕСЕ ПАЗАРИТЕ - Брент нафтата речиси 100 долари за барел

Vecer | 23.07.2026

КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК ГИ ТРЕСЕ ПАЗАРИТЕ - Брент нафтата речиси 100 долари за барел

Брент нафтата достигна речиси 100 долари за барел, поради новите тензии на Блсикиот Исток. Цената на нафтата порасна за над 4% и достигна 98,34 долари за барел. Во исто време, европските берзански индекси бележат пад, додека пазарите ја очекуваат одлуката на Европската централна банка за каматните стапки, која треба да биде објавена во 14:15 часот. 

Најновиот бран загриженост беше предизвикан од нападот врз саудиски танкер за нафта кој беше погоден од ракета од непознато потекло, а на бродот избувна пожар што екипажот успеа да го локализира, објави CNBC.

Речиси истовремено, Хутите, поддржани од Иран, во Јемен ја презедоа одговорноста за нападите со беспилотни летала и ракети врз два саудиски танкери.

Хутите тврдат дека бродовите ја прекршиле поморската блокада што ја прогласиле против Саудиска Арабија.

Официјалната Саудиска новинска агенција (SPA) го потврди нападот врз еден од танкерите, осудувајќи го како сериозно кршење на меѓународното право.

Аналитичарите предупредуваат дека ова би можело да отвори сосема нова линија на фронтот во конфликтот на Блискиот Исток, додека Институтот за проучување на војната (ISW) соопшти дека најмалку седум трговски бродови веќе го смениле курсот за да избегнат поминување низ стратешки клучниот теснец Баб ел-Мандеб.

Европските фјучерси за гас за август се тргуваа по 62,880 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF во Амстердам денес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk