КАПИШТЕЦ СЕ КРЕНА ПРОТИВ „ИНТЕРМЕЦО“

Vecer | 12.06.2026

КАПИШТЕЦ СЕ КРЕНА ПРОТИВ „ИНТЕРМЕЦО“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Жителите на населбата Капиштец се собраа во знак на протест против гласната музика што доаѓаше од барот „Интермецо“, кој се наоѓа во просторот помеѓу густо населените станбени блокови во оваа населба и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

„Се собравме овде како соседи, поради загриженоста и малтретирањето што го доживуваме повеќе од десет години. Од мирна и една од најурбаните населби, Капиштец се претвори во модерна џунгла“, рече Горан Гацовски, жител на Капиштец.

На протестот присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, кој се присети на растењето во оваа населба и рече дека проблемот се акумулирал со текот на годините.

„Да, јас бев иницијатор на петиција што беше потпишана заедно со жителите и која беше доставена до сите надлежни институции, што исто така може да ни помогне како општина да преземеме мерки и конечно да го решиме овој голем проблем со кој се соочуваат жителите на Капиштец, а тоа е гласната музика во текот на ноќните часови од некои од баровите“, изјави Герасимовски.

Револтираните жители велат дека ќе продолжат да бараат решение за проблемот со бучавата и гласната музика, која со години им го нарушува мирот во ноќните часови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk