ГРАДОТ ВО КОЈ СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ: Еве колку треба за пристоен живот во Њујорк

Vecer | 17.03.2024

ГРАДОТ ВО КОЈ СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ: Еве колку треба за пристоен живот во Њујорк
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Њујорк е најскапиот град за самци за живеење во САД, бидејќи за пристоен живот на една личност во оваа метропола потребна е годишна бруто плата од 138.570 долари или приближно 127.000 евра, покажува истражувањето на компанијата SmartAsset.

Студијата наведува дека на семејство со две деца му требаат вкупно 318.406 долари годишно за пристојно да живее во Њујорк.

Споменатата фирма истражувала колку бруто плата е потребна за пристоен живот во 99 американски градови врз основа на правилото 50/30/20.

„Буџетот 50/30/20 подразбира дека, за одржлив комфор, 50 проценти од платата се издвојуваат за основни потреби како што се домување, намирници и превоз, 30 проценти за забава и хоби и 20 проценти за отплата на долг, заштеди или инвестиција, се наведува на веб-страницата Smarteset.

Седум од десетте најскапи градови во Америка се наоѓаат во Калифорнија, и тоа Сан Хозе, Ирвин, Санта Ана, Сан Диего, Чула Виста, Сан Франциско и Оукленд.

Во 10-те најскапи се и градовите Бостон и Сиетл.

Спротивно на тоа, најприфатливиот американски град за живеење е Хјустон, Тексас, каде за пристојно живеење на самохран човек потребна е бруто плата од 75.088 долари годишно, што е околу 69.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk