logo
logo
logo

Статистика: 408 045 МWh е вкупната бруто-произведена електрична енергија во јуни 2026 година

Vecer | 26.08.2026

Статистика: 408 045 МWh е вкупната бруто-произведена електрична енергија во јуни 2026 година

Во јуни 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 446 814 МWh електрична енергија, 4.077 мил. нм3 природен гас, 264 691 тони јаглен и 102 557 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажува извештајот на статистика.

Во месец јуни најмногу струја се произвело од соларни електрични централи 39,2 отсто по што следуваат термоцентралите со 32,2 %, преку хидроцентрали 24,4 проценти, со едноцифрен процент се ветерните електрични центали со 3,4 а остатокот 0,8 % е од други извори.

Во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година: Потрошувачката на природен гас бележи пад од 51.1 % кој се должи на неактивноста на топлинските постројки.

Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 1.1 %, додаваат од статистика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk