logo
logo
logo

Винарниците и другите можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино

Vecer | 15.08.2026

Винарниците и другите можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство.

Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето може да се поднесе онлајн преку Националниот портал uslugi.gov.mk. Побрза постапка, помалку бирократија и полесен пат до извозните пазари – напиша министерот.

Со секоја нова е-услуга, како што нагласува Андоновски, создаваме поефикасна администрација и подобри услови за компаниите да произведуваат, извезуваат и растат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk