НЕ СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА МЕРКАТА „МОЈДДВ“

Vecer | 14.01.2026

НЕ СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА МЕРКАТА „МОЈДДВ“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Не се размислува за укинување на мерката „МојДДВ“. Останува како и досега, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, откако директорката на УЈП оцени дека мерката не го дава посакуваниот ефект.

– Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот, бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав прилика да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството, ниту пак сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме околу Мој ДДВ, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку напротив се останува како што беше досега – рече Димитриеска Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk