logo
logo
logo

ЕУ удри по Тему, АлиЕкспрес и Шеин: ЦАРИНАТА ОД 3 ЕВРА ГО ПРЕПОЛОВИ НАЛЕТОТ НА КИНЕСКИ ПАКЕТИ

Vecer | 31.08.2026

ЕУ удри по Тему, АлиЕкспрес и Шеин: ЦАРИНАТА ОД 3 ЕВРА ГО ПРЕПОЛОВИ НАЛЕТОТ НА КИНЕСКИ ПАКЕТИ

Само два месеци по воведувањето на привремената царина од 3 евра, Европската Унија веќе ги чувствува првите ефекти од мерката насочена кон евтините пратки од кинеските онлајн платформи. Бројот на мали пратки во ЕУ е намален за 30 до 40 отсто, додека во јули продажбата на „Тему“ паднала за околу 50 проценти, на „АлиЕкспрес“ за 37 отсто, а на „Шеин“ за околу 15 проценти. Давачката за пратки до 150 евра стапи на сила на 1 јули и засега ќе важи до 1 јули 2028 година, по што ЕУ планира целосно да го промени системот со дигитална царинска платформа и редовни процентуални царини за секој увоз.

Од 1 јули, за пратките со вредност до 150 евра во ЕУ се применува привремена давачка од 3 евра. Оваа привремена такса во ЕУ ќе остане на сила до 1 јули 2028 година, по што Унијата планира да воведе целосно нова дигитална царинска платформа каде ќе се плаќаат редовни, процентуални царински давачки за апсолутно секој увоз.

Платформите најдоа начин да го заобиколат новото правило

Но и покрај мерката ЕУ за намалување на продажбата на евтини кинески производи преку малите пратки, кинеските платформи најдоа налини како да ги намалат последиците од новите правила.

Едно од нив е отворање на сопствени складишта или користење на европски складишта Шеин (Shein) веќе две години гради мрежа на складишта низ Германија, Франција и Полска, а Тему (Temu) го забрза овој процес на почетокот на 2026 година.

Досега, кинеските платформи ја користеа тактиката „еден производ – еден пакет“, бидејќи така секој пакет посебно беше ослободен од царина. Сега, кога секој пакет подлежи на 3 евра такса по категорија, тие ја сменија и тактиката. Платформите ги собираат нарачките на илјадници купувачи и ги пакуваат во огромни контејнери кои надминуваат вредност од 150 евра. За овие големи пратки се плаќа стандардна процентуална царина (која за облека или пластични гаџети често е помала отколку фиксни 3 евра по производ), а потоа пакетите се одвојуваат и поединечно се дистрибуираат до купувачите во ЕУ преку локални пошти без дополнителни давачки.

Платформите со огромни профити како Тему и Шеин за да го намалат влијанието на новата давачка почнаа самите да го плаќаат или да апсорбираат делат трошокот од 3 евра со купувачите. За да не го изгубат купувачот со прикажување на дополнителни такси при плаќањето, тие вештачки ја зголемуваат цената на самиот производ за 1 или 1,5 евра, а остатокот од таксата го покриваат од сопствениот профит. Така, купувачот има чувство дека сè уште купува евтино без „скриени трошоци“. Многу поризичен начин е и менувањето на тарифниот број на стоката.

ЕУ сака да стави крај на нелојалната конкуернција на нејзините производи

Европската Унија ги воведе новите давачки со образложение дека сака да обезбеди порамноправна конкуренција за европските трговци и поголема заштита на потрошувачите.

Само во текот на 2025 година во ЕУ пристигнале околу 5,9 милијарди предмети со ниска вредност, односно повеќе од 16 милиони пратки дневно. Според европските институции, огромниот број евтини пратки создавал значителна предност за продавачите од трети земји.

Дополнителна причина се безбедносните стандарди. Истражување од 2025 година покажало дека повеќе од 60% од проверените производи со ниска вредност не ги исполнувале европските правила и безбедносни стандарди.

Новата давачка требаше да ја намали предноста што ја имаа евтините директни испораки од трети земји и во исто време да им овозможи на царинските власти подобра контрола врз производите што пристигнуваат кај европските купувачи.

Како тоа влијае на макдонските купувачи?

Бидејќи Македонија не е членка на ЕУ, оваа царинска давачка од 3 евра не се применува директно кај нас. Македонските купувачи продолжуваат да нарачуваат под тековните домашни правила (ослободување од царина и ДДВ за пратки со вредност под 90 евра).

Сепак, мерката има секундарни ефекти врз македонскиот пазар. Поради затворањето на вратите во ЕУ, постои сериозна можност големи количини на евтина стока од Кина да се пренасочат кон пазарите во земјите од Западен Балкан (вклучително и Македонија), кои сè уште немаат вакви заштитни мерки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk