Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно повика на прекин на војната во Украина и рече дека Русија „ја изгубила контролата врз дизелот“.
Неговиот повик дојде откако честите украински напади врз руските енергетски капацитети предизвикаа нов скок на цените на дизелот во Русија.
Претседателот Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social денеска напиша: „За жал, поради војната со Украина, Русија ја изгуби контролата врз својата индустрија за дизел гориво. Голем број од нивните рафинерии за дизел се уништени и барем привремено се надвор од функција. Оваа апсурдна и бескрајна војна со Украина мора да престане. Целиот свет страда додека 25.000 луѓе, претежно војници, умираат секој месец. Каква штета!“

Русија има околу 30 до 40 големи рафинерии за нафта и десетици помали постројк. Вкупно околу 40 главни поголеми рафинерии, додека во пошироката категорија на помали и специјализирани постројки има околу 100 рафирении.
Речиси сите овие рафинерии се интегрирани постројки кои, покрај бензинот и керозинот, преработуваат сурова нафта во дизел гориво, кое историски е еден од главните извозни производи на Русија.
Кога станува збор за производство на дизел, шесте најголеми рафинерии играат клучна улога, кои самите произведуваат околу половина од вкупното количество дизел во целата земја: Омск (најголемата рафинерија во земјата), Кириши, Танеко Волгоград, НОРСИ и Перм.
Од наведените цел на украинските напади со дронови, и нанесена штета е врз рафинериите се тие во Омск, Перм и Кириши.
Времето потребно за обновување на рафинерија за нафта по напад со беспилотни летала генерално варира од неколку недели и шест до осум месеци, во зависност од тоа која инфраструктура е засегната и обемот на штетата.
Поправките може грубо да се поделат на неколку нивоа: Мали штети (до еден месец): Доколку се засегнати помали помошни објекти, резервоари за складирање или цевководи, производството обично може делумно или целосно да се рестартира во рок од неколку недели.
Големи штети на постројките (6 до 8 месеци): Доколку дрон удри во витални делови од рафинеријата, како што се единиците за примарна дестилација на нафта (на пр. AVT/CDU или Euro+ комплекси), обновувањето бара сериозни градежни и механички работи што траат во просек околу половина година.

Русите се голем извозник на дизел гориво, втор најголем извозник на дизел во светот после САД, по украинските напади врз руските рафинерии извозот на дизел од Русија е паднат за 50%. Времениот застој на производство на дизелот влијае на домашниот но, и на светскиот пазар со покачување на цената на дизелот.
За утре е најавена средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Американскиот претседател претходно ја повика Украина да ги запре нападите со беспилотни летала на руските нафтени капацитети со цел да се стабилизира пазарот на енергија.
Цените на дизелот во САД утрово достигнаа рекордни 6,51 долар за галон.

Почетокот на есенската жетва во САД дополнително ја зголеми потрошувачката на земјоделска механизација, во време кога залихите веќе беа на критично ниски нивоа, растот на цената на дизелот сега е значителен, а со намалување на извозот од Русија цените на дизелот во севтот растат постојано и американските компании се заинтересирани за извоз во време на поголема заработка од странскиот отколку на домашниот пазар што влијае на намалена понуда во САД и зголемување на цените во таа држава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата