Практична крипто едукација за почетници на Binance Learning Lab во Скопје

Vecer | 04.03.2026

Практична крипто едукација за почетници на Binance Learning Lab во Скопје
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Единствена можност да се научат основите за крипто, со практични совети и безбедно тргување на Binance Learning Lab, едукативниот формат на Binance, кој ќе се одржи на 5 март 2026 година, во Адева The Hub (Бул. Партизански Одреди бр. 17, Скопје). 

Интерактивната работилница е наменета за сите што сакаат да научат јасно, практично и безбедно тргување на берзата. Учеството е бесплатно, но местата се ограничени и е потребна задолжителна регистрација преку официјалната страница на настанот.

Learning Lab е креиран за почетници, како и за сите што имаат интерес, но се двоумат како да започнат, од основно разбирање на дигиталните средства, преку првите чекори на платформа, до клучни совети за безбедност и одговорен пристап. Ќе се споделат практични насоки со директно поставување прашања и  поврзување со луѓе со слични интереси и локалната крипто-заедница.

Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер за Балканот, ја нагласува важноста на ваквите настани за сите што сакаат да влезат во светот на крипто со повеќе знаење и самодоверба: „Растечкиот интерес за крипто и дигитални финансии покажува дека регионот брзо се развива, а со Learning Lab сакаме да им овозможиме на сите што сакаат да започнат преку практична работа и разговор со експерти, да ги стекнат неопходните знаења. Продолжуваме со нашата мисија крипто да го направиме достапно, разбирливо и блиско за сите“, истакнува Слукан.

Работилницата е осмислена како практичен водич со директна поддршка од искусни Binance регионални експерти, идеално за почетници без конфузија и со јасни чекори:

  • Регистрација на Binance и KYC (Know Your Customer) верификација
  • Спот и фјучерс тргување – вовед во спот пазар, основи на фјучерси и практична вежба
  • Стакинг (заработка) и DCA стратегија (просечно пресметување на цената на доларот) – што е staking, како се заработуваат награди, како функционира DCA пристапот + практична демонстрација
  • Крипто безбедност и безбедна навигација – 2FA, биометриска заштита (препознавање лице/отпечаток), најдобри практики за заштита на средства и совети како да се избегнат измами
  • Следење on-chain адреси – како да се следат и анализираат on-chain трансакции, алатки и ресурси за блокчејн транспарентност
  • Игри и награди

Регистрацијата за сите учесници е задолжителна на линкот. Обезбедете го вашето место на време и започнете го вашето крипто патување со експерти од Binance.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk