Кулата на Водно конечно ќе проработи. По повеќе од 12 години од почетокот на изградбата од АЕК најавуваат дека таа ќе профункционира. Кулата е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје во изминатата деценија.
Претседателот на Управниот одбор Орце Симов вели дека преостанува уште добивање на дозволата, за која верува дека ќе биде до крајот на месецов.
-Сите градежни активности се завршени, остана уште постапката за добивање на употреба на дозвола, и потоа телекомуникацската кула ќе биде ставена на располагањее на нејзините корисници, а тоа во првиот момент ќе биде макеодонска радиодифузија, мобилните оператори, војската и полицијата – истакна преседателот на УО на АЕК Орце Симов.
Освен телекомуникациската функција, објектот содржи и административни простории, а на неговиот врв е предвиден панорамски ресторан со поглед кон Скопје.
- Во неа има четири платформи кои што имаат големина од по двеста квардрати коишто ќе ги користат субјектите кои ќе имаат нивна опрема, а последната ќе биде користена за туристички цели за луѓе за туристи кои ќе сакаат во пиење кафе – истакна Орце Симов.
Симов откри и дека проектот е пријавен за учество на Светскиот фестивал на архитекти 2026, каде ќе конкурира за меѓународно признание во областа на архитектурата.
Кулата на Водно почна да се гради во 2013 година и претставува еден од највисоките објекти во државата. Според податоците, таа е висока 155 метри, изградбата траеше повеќе од 12 години, а чинеше 18 милиони евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата