logo
logo
logo

ДА СЕ НАДОМЕСТИ: Цените на угостителските услуги во јули повисоки

Vecer | 05.08.2021

ДА СЕ НАДОМЕСТИ: Цените на угостителските услуги во јули повисоки

Цените на угостителските услуги во јули годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1  отсто, а за 0,5 отсто во однос на јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување на угостителските услуги во јули во однос на јуни годинава, е забележано во групата Храна за 0,1 отсто.

Според ДЗС, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3 отсто,  а во однос на декември 2020 година  за 0,1 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk