ОКТА АД - Скопје потврдува дека претходно најавениот попуст е применет за сите трговци на големо и мало кои набавуваат горива од ОКТА. Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена.
Иницијативата е доброволна и им овозможува на трговците да ја пренесат придобивката на крајните потрошувачи. Сепак, трговците на големо и мало, имаат целосна слобода самостојно да ги одредат своите продажни цени.
ОКТА останува посветена на стабилноста на пазарот, транспарентноста и целосното почитување на постојните договорни рамки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата