logo
logo
logo

Во чест на Меѓународниот ден на пивото: КОЈ ПИЕ, А КОЈ ИЗВЕЗУВА НАЈМНОГУ ПИВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА?

Vecer | 07.08.2026

Во чест на Меѓународниот ден на пивото: КОЈ ПИЕ, А КОЈ ИЗВЕЗУВА НАЈМНОГУ ПИВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА?

Минатата година, Европската Унија извезе 3,2 милијарди литри пиво со алкохол во земји надвор од ЕУ, што е за 11 проценти помалку од претходната година, а Белгија останува главен извозник, објави Евростат.

Увозот на пиво од трети земји во Европската Унија истовремено порасна за шест отсто, на 500 милиони литри, покажуваат податоците на Евростат.

Белгија минатата година извезе вкупно 1,5 милијарди литри пиво, сметајќи ги и испораките во рамките на Европската Унија, со што ја задржа водечката позиција. На второ место беше Холандија со 1,4 милијарди литри извоз, додека Германија ја зазеде третата позиција со 1,3 милијарди литри.

Четвртата и петтата позиција ги делат Чешка и Ирска, кои минатата година извезле по 600 милиони литри пиво, се додава во извештајот.

Франција најголем увозник

Најголем увозник на пиво меѓу земјите од Европската Унија минатата година беше Франција, која во 2025 година увезе 900 милиони литри.

Големи увозници беа и Италија со повеќе од 700 милиони литри увоз на пиво, додека Германија и Шпанија увезоа по 600 милиони литри, а Холандија околу 300 милиони литри, наведува Евростат на својата веб-страница.

Податоците се објавени повод Меѓународниот ден на пивото, кој традиционално се одбележува првиот петок во август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk