logo
logo
logo

КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ЛИЖЕ ВО ЛЕТО? Србија е веднаш зад петте земји-членки на ЕУ

Vecer | 20.08.2026

КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ЛИЖЕ ВО ЛЕТО? Србија е веднаш зад петте земји-членки на ЕУ

Минатата година во Европската Унија се произведени 3,44 милијарди литри сладолед, што е за 1,9 проценти повеќе од претходната година, објави денес Евростат.

Германија остана најголем производител, со произведени 608 милиони литри сладолед, иако растот на производството во таа земја од 0,2 проценти беше најнизок меѓу петте најголеми производители во ЕУ.

На второ место е Италија, каде што се произведени 549 милиони литри сладолед, односно 10 проценти повеќе отколку во 2024 година.

Следуваат Франција со 525 милиони литри и раст од четири проценти, Шпанија со 457 милиони и раст од два проценти и Белгија со 274 милиони литри и шест проценти поголемо производство.

На листата на која се вклучени и земјите од Европската економска зона и Западен Балкан, Србија е веднаш по овие пет земји, со произведени 86 милиони литри сладолед во 2025 година.

Минатата година, од земјите на ЕУ во земји надвор од Унијата се извезени 289,8 милиони килограми сладолед, а се увезени 77,8 милиони килограми.

Годишно, извозот се зголеми за 10 проценти (26 милиони килограми), а увозот за 12 проценти (8,5 милиони килограми).

Најголем извозник, како и во претходните години, беше Франција, која извезе 59,1 милиони килограми сладолед во земји надвор од ЕУ, што е една петтина од вкупниот извоз од ЕУ.

По Франција, земјите од кои е извезен најмногу сладолед беа Италија, Белгија, Германија и Холандија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk